Уште девет земји застанаа зад писмото до ЕК за проширувањето
Уште девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за Македонија и за Албанија во март. Минатата недела шесте земји членки испратија писмо до Европската Комисија.
На Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка од вторникот им се придружија и Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија и го додадоа својот потпис на писмото до Европската Комисија во кое се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.
Писмото доаѓа како своевиден одговор на иницијативата на Франција предложена минатата недела да се измени процесот на преговарање за земјите кандидати пред да се продолжи со политиката на проширување.
Во писмото, сега потпишано од петнаесет земји, се нагласува дека консолидацијата на Европската унија е невозможна без вклучување на земјите од регионот, како и дека процесот на ЕУ интеграција најдобро може да обезбеди успешен реформски процес на Балканот.
Земјите членки ќе се навратат на оваа дискусија за време на идните министерски состаноци за општи работи на ЕУ кои се одржуваат еднаш месечно, но потребно е новиот состав на Европската Комисија да почне со работа за да може да поднесе предлог до земјите членки на ЕУ, врз чија основа тие би можеле да изградат компромис по ова праша