Орбан - Изборот на Вархелиј е најголем дипломатски успех
![Орбан - Изборот на Вархелиј е најголем дипломатски успех](https://gdb.rferl.org/31218F14-F8E7-4D54-841B-3709238F76E9_w800_h450.jpg)
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вели дека потврдата на нивниот кандидат за еврокомесар за проширување е „најголем дипломатски успех на земјата“ во последната деценија. Унгарците сега можат „да го зголемат своето влијание во европската политика“, рече Орбан во радио-интервју.
Владата на Орбан и официјален Брисел не се согласуваат во врска со прашањата за владеење на правото и миграцијата.
Европратениците во понеделникот му дадоа на Оливер Вархелиј зелено светло за да биде еврокомесар за соседство и проширување на ЕУ. Тој ќе биде задолжен за односи со државите кои се стремат да се приклучат на Унијата.
Вархелиј е втор избор на Унгарија за еврокомесар, откако претходно европратениците го отфрлија првиот избор - Ласло Троцијани поради судир на интереси.