Дендиас: Не знам дали можеме да ја смениме француската политика
Не сум сигурен дека можеме да ја смениме француската политика, но сигурно ќе се обидеме, во рамките на нашите можности, правиме повеќе од она што можеме, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчки медиум. Тој вели дека ќе го посети Скопје во вторник. Дендиас повторува дека Грција го поддржува проширувањето на ЕУ, бидејќи „тоа е во интерес и на Европа и во интерес на Грција”.
Тој вели дека ќе можат да се коригираат одредени слабости на Договорот од Преспа, само ако се одреди датум за почеток на пристапни преговори.
„Тогаш ние ќе добиеме можност, преку поглавјата што ќе се отвораат да објасниме, бидејќи јас не сакам никого да притискам, да објасниме затоа што некои работи треба да се коригираат“, рече министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио.