Приведена дадилката која натепа двегодишно дете
![Приведена дадилката која натепа двегодишно дете](https://gdb.rferl.org/7AB45054-F50B-43D4-8E7E-FE6DFAD56DF4_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Дадилката која беше фатена на камера како во игротека на угостителски објект во Скопје натепа двегодишно дете е приведена во полициска станица. Приведена е жена на 59 годишна возраст, по пријава на сопственикот на угостителскиот објект.
Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете.
По преземените мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка и физички го нападнала двегодишното дете што требало да го чува.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.