Гани и Трамп разговарале за мировниот план за Авганистан
![Гани и Трамп разговарале за мировниот план за Авганистан](https://gdb.rferl.org/E2FF74D3-DFD7-4C6A-BB05-3FDD4B7E332A_cx0_cy14_cw0_w800_h450.jpg)
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за мировниот план од седум точки, соопштија од Кабинетот на Гани. Планот инсистира на прекин на огнот како предуслов за почеток на преговори со талибанците.
Портпаролот на авганистанскиот претседател изјави дека Трамп рекол оти за да успее процесот во разговорите треба да се вклучи авганистанската влада.
Тимот на Гани минатиот месец објави предлог од седум точки за разговори со САД и со талибанците за да се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан.
Претходно Соединетите Држави и Талибанците речиси една година разговараа за ставање крај на авганистанскиот конфликт, но Трамп ги прекине разговорите во септември.
Талибанците досега одбиваа да разговараат со авганистанската влада, за која велат дека е американска марионета.
Но откако талибанците ослободија двајца западни заложници во замена за тројца талибански затвореници, се зголемија надежите за мировни преговори меѓу милитантната група и владата во Кабул.