Грција предупредува за нова мигрантска криза
![Грција предупредува за нова мигрантска криза](https://gdb.rferl.org/50EF688A-7A8F-4C3F-A111-270F55498073_w800_h450.jpg)
Грчкиот заменик министер за миграциска политика Јоргос Кумуцакос предупреди дека на Европа и се заканува нова мигрантска криза. Тој вели дека има драматично зголемување на бројот на мигранти.
Ситуацијата, според него, не е иста како во 2015 година, но предупредува дека претстои нова криза.
Земјите кои се наоѓаат во надворешните граници на ЕУ, критикуваше Кумуцакос, се оставени сами на себе, и без помош и солидарност на другите земји, миграцијата не може да се контролира.
Во Грција во седум одвоени случаи во текот на вчерашниот ден грчката крајбрежна служба пронашла и спасила чамци со вкупно 260 бегалци и мигранти, а биле уапсени шест криумчари.