Ахмети – Нема поместување на датумот за предвремените избори
![Ахмети – Нема поместување на датумот за предвремените избори](https://gdb.rferl.org/65602384-5E23-4057-8E2D-990A965B8869_w800_h450.jpg)
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека не смета оти ќе има поместување на веќе договорениот датум за предвремени парламентарни избори 12 април.
„Овој датум е консензуално донесен од страна на сите политички партии. Сите веќе ги имаме отпочнато подготовките за одржување на избори на 12 април“, изјави Ахмети.
ДУИ и Ахмети остануваат на ставот дека изборниот модел не треба да се менува на само неколку месеци пред изборите и оти за ова прашање треба да се постигне поширок политички консензус.
Лидерот на ДУИ денеска во Собранието присуствуваше на доделувањето на државната награда 22 Ноември, што се доделува по повод Денот на албанската азбука.