Амбасадорот на САД во Србија го охрабрува дијалогот Белград Приштина
![Амбасадорот на САД во Србија го охрабрува дијалогот Белград Приштина](https://gdb.rferl.org/9505819E-B430-47E1-B347-D72EF680C950_w800_h450.jpg)
Новиот американски амбасадор во Србија, Ентони Годфри изјави дека целта на Америка е да го охрабри дијалогот меѓу Белград и Приштина и да укаже на тоа колку луѓе во регионот ќе имаат корист од изнаоѓање на решение.
„Моја работа е да ги подобрам односите Србија и САД, но да работам во интерес на мојата земја на Балканот, а интерес на Америка е Западен Балкан да стане место на стабилност и просперитет, каде се почитуваат демократските вредности, каде земјите ги почитуваат границите и имаат добри односи“, рече Готфри во интервју за РТС.
Тој исто така рече дека ова е најдобриот начинна патот кон Европската Унија и дека неговата цел била да ја искористи целата енергија и сите фондови на амбасадата во Белград за да и помогне на Србија да го постигне тоа, влез во ЕУ. Тој исто така додадедека Европската унија испратила лош сигнал кога соопшти дека го запира процесот на проширување.
„Претставникот на САД за Западен Балкан, Метју Палмер и јас разговаравме и изразивме разочарување што ЕУ не направи чекор напред. Тоа беше лош сигнал“, изјави американскиот амбасадор.