Втор круг претседателски избори во Романија
![Втор круг претседателски избори во Романија](https://gdb.rferl.org/446C2FEB-BF97-44AE-8033-72593A59B46E_w800_h450.jpg)
Во Романија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат актуелниот претседател Клаус Јоханис и поранешната премиерка Виорица Данчила. Јоханис во првиот круг освои 36 проценти од гласовите, додека неговата противкандидатка 24.
Актуелниот претседател на Романија е познат како критичар на корупцијата, кој често се судруваше со Владата на Социјалдемократската партија (ПСД), предводена од Данчила. Според локалните експерти, гласачите кои во првиот круг поддржаа кој било од 12. други кандидати најверојатно денеска ќе гласаат за Јоханис.
Романскиот претседател има петгодишен мандат. Тој е одговорен за надворешната политика, присуствува на самитите на ЕУ и е главен командант на вооружените сили. Претседателот именува премиер и судии. Романците следната пролет ќе гласаат на локални избори, а на крајот од 2020 година предвидени се парламентарни избори.