Извлечени седум мигранти кај островот Лампедуза
![Извлечени седум мигранти кај островот Лампедуза](https://gdb.rferl.org/9C8ABD92-CFF0-4C83-BF7B-76B8C7D65E6B_w800_h450.jpg)
Италијанските медиуми објавија дека крајбрежната стража денес ги пронашла телата на седум мигранти недалеку од островот Лампедуза, јужно од Сицилија. Крајбрежната стража, со помош на бродовите на граничната полиција, го продолжи пребарувањето во разбрануваното море за уште 13 мигранти, кои се пријавени како исчезнати откако нивниот брод се преврте вчера.
Радио РАИ и АНСА објавија дека се донесени седум тела на брегот, вклучувајќи и една жена. Властите соопштија дека 149 луѓе биле спасени откако бродот се превртел и дека на бродот имало 169 лица.