Најмалку 24 лица загинаа во падот на авионот во Конго
![Најмалку 24 лица загинаа во падот на авионот во Конго](https://gdb.rferl.org/86CCD7F4-268A-4C03-A654-6B62AA83CE47_w800_h450.jpg)
Бројот на загинати од патничкиот авион кој утрово се урна во градот Гома на истокот во Конго порасна на најмалку 24 лица, јавија локалните власти. Како што пренесе „Ројтерс“, од рушевините се извлечени 24 тела.
„Авионот во сопственост на локалната компанија ‘Бизи Би’ се сруши за време на полетување на патот кон градот Бени“, се наведува во соопштението од кабинетот на гувернерот на провинцијата.
Британската агенција наведе дека авионските несреќи се релативно чести во Конго поради ниските безбедносни стандарди и лошто одржување на леталата.На сите комерцијални авиокомпании во земјата, вклучувајќи ги и „Бизи Би“, забрането им е да работат во Европската Унија.