Ангеловска: Укинувањето на сметкопотврдите ќе ја олесни работата на компаниите
Со измените на Законот за Данок на додадена вредност се укинува сметкопотврдата – документсо кој се правадаат трошоци и се користиправото на одбивка. Соопштувајќи ја новината во предлог-измените кои треба да се изгласаат во Собранието, министерката за финансии Нина Ангеловска денеска истакна дека досега се носеле многу олеснителни мерки за да се подобри работата на компаниите, но не и за сметкопотврдите кои се користат уште од времето на поранешна СФРЈ. Во многу развиени земји, па и во регионот, рече таа, овој документ е укинат и веќе не се користи.
„Светот брзо се менува и денес зборуваме за електронско сметководство и бесхартиена околина и мора и нашата администрација да го следи тоа за сè повеќе да им го олеснуваме работењето на компаниите. Со укинувањето на сметкопотврдата, компаниите и физичките лица ќе може да го остваруваат правото на одбивка со приложување фискална сметка за трошоци направени за плаќање во готово или со картичка до 6.000 денари, “ изјави Ангеловска на денешната прес-конференција.
Министерката Ангеловска додаде дека укинувањето на сметкопотврдите е само една од мерките за подобрување на бизнис-околината и намалувањето на административниот товар, посочувајќи дека со измените на Законот за ДДВ е подигнат и прагот од 1 на 2 милиона денари за регистрација на ДДВ-обврзници и дека тоа го пофалила и техничката мисија на ММФ.