Академикот Љупчо Коцарев нов претседател на МАНУ
![Академикот Љупчо Коцарев нов претседател на МАНУ](https://gdb.rferl.org/0E875B5B-7F1B-44A7-BF06-71550AF624C4_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Македонската академија на науките и уметностите денеска избра ново раководство со мандат од четири години, почнувајќи од 1 јануари 2020 година.
За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, професор на ФИНКИ, а за потпретседатели академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам. Научен секретар на Академијата ќе биде Изет Зекири.
На денешното Изборно собрание за членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.