Европскиот совет го одобри буџетот на ЕУ за 2020 година
![Европскиот совет го одобри буџетот на ЕУ за 2020 година](https://gdb.rferl.org/337327CD-900D-4101-9CD7-70A36850E66A_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Европскиот совет го одобри договорот постигнат со Европскиот парламент за буџетот на Европската унија за 2020 година. Ако договорот повторно биде потврден во парламентот на 27 ноември тој ќе биде и усвоен. Буџетот за идната година предвидува продолжување на поддршката на раст и конкурентност на европската економија како и продолжување на приоритети на ЕУ како безбедносна и менаџирањето на миграцијата, се наведува во соопштението на Европскиот совет. 21 отсто од буџетот, пак, ќе бидат насочени за мерки поврзани со климатските промени во области како истражување и развој, транспор и енергетска инфраструктура и надворешни акции на ЕУ. Буџетот на унија за идната година изнесува 153,6 милијарди евра.