„Шверцери“ негираат дека кршеле и дивееле во МНТ
![„Шверцери“ негираат дека кршеле и дивееле во МНТ](https://gdb.rferl.org/58098FAC-C4E5-471C-9E4B-883E845518ED_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Навивачката група Шверцери на фудбалскиот клуб Шкупи, негира дека кршеле, дивееле и дека упатувале навредливи зборови на прославата на 30 години постоење на навивачката група, што во петокот се одржа во МНТ. Од навивачката група велат дека информациите дека „дивееле“ се невистинити и шпекулации.
Велат дека тие во објектот влегле организирано и го следеле документарниот филм за оваа навивачка група и доделувањето признаници на еминентни личности од фудбалската живот.
„Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза.“
Од навивачката група велат дека и организирано излегле од МНТ и дека пред да излезат провериле да не случајно е направена некоја штета, но не приметиле ништо такво.
„Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината. Направивме сè да бидеме добри гости на и нашиот театар!“, се вели во нивното соопштение.