Воен претставник вo НАТО најдоцна до идната недела
Воен претставник во Мисијата на НАТО се очекува да биде избран и испратен до самитот на Алијансата во Лондон кој е идната недела, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа појасни дека во Министерството за одбрана веќе бил распишан интерен оглас за пројавување интерес за оваа позиција и оти има листа на потенцијални кандидати.
"Имаме список на кандидати кои што ги исполнуваат одредените критериуми и уште во текот на денмешниот ден ќе имам средба со Претседателот и ќе разговараме за предлозите што јас ги имам или што тој ги има. Очекувам ова прашање навистина да се реши во следните денови. Подготовките за Самитот се веќе завршени и ние таму одиме со в.д. Амбасадор" рече Шекеринска. Таа дополни дека именувањето на амбасадор во Мисијата во НАТО е во надлежност на МНР.