ХРВ: Иран ги прикрива репресивните мерки на протестите
Иран „намерно го прикрива“ степенот на репресивните мерки преземени против оние кои учествуваа на протестите против зголемувањето на цената на горивата, се вели во новиот извештај на Хјуман рајтс воч (ХРВ). Во извештајот објавен денеска, групата за човекови права на Соединетите Држави наведе дека повеќе од 140 луѓе загинале, а околу 7.000 биле притворени за време на протестите во повеќе од 100 градови низ Иран минатата недела.
Властите допрва треба да објават какви било официјални информации за жртвите за време на немирите во кои демонстрантите извршија напади врз полициски станици и бензинските пумпи .