Хрватската полиција рани уште еден мигрант
Полицаец во Хрватска пукал кон мигрант, при што мигрантот е полесно повреден, соопшти хрватската полиција. Според нив полицаецoт пукал кон мигрантот, оти тој давал „активен отпор“. Ова е втор случај полицаец да пука во мигрант за помалку од еден месец во Хрватска.
Полицајците спроведувајќи зајакнати активности за сузбивање на незаконската миграција, затекнале група непознати лица.
„За време на полициското постапување, едно од затекнатите лица, во обид да го спречи полицискиот службеник да извршува службена работа, давал активен отпор и на тој начин, со своето дејствување предизвикал испукување од огнено оружје на полициски службеник, и притоа се здобил со повреда“, се наведува во полициското соопштение.
Инцидентот се случил синоќа во областа Мркопоље.
Претходна на 16 месецов полицаец рани мигрант, кој се уште се наоѓа во болница со тешки повреди. Како што наведува полицијата, пиштолот на полицаецот истрелал кон мигрантот, оти полицаецот се сплеткал во извршуваше на задачите.