Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Ирак 28 жртви
Најмалку 28 луѓе се убиени во судирите меѓу ирачките безбедносни сили и антивладините демонстранти, соопштуваат тамошните власти. Ова е еден од најкрвавите денови откако почнаа немирите пред скоро два месеци.
Ирачката војска денеска соопшти дека во неколку провинции биле формирани кризни штабови кои ќе се обидат да воспостават безбедност и ред.
Ирачаните излегоа на улиците со барање да се намали невработеноста, да сестави крај накорупција и да се подобрат јавните услуги.
Oд почетокот на октомври, кога започнаа протестите. се убиени најмалку 350 луѓе, а илјадници се повредени.
Денеска најмалку 24 луѓе загинале во градот Насирија, кога безбедносните сили употребиле муниција и солзавец за расчистат два моста окупирана од демонстрантите, а демонстрантите запалиле полициска станица, соопштуваат медицински лица и безбедносни извори.
Извештаите велат дека четири луѓе загинале и во Багдад, на мостот Ахар кој води кон Зелената зона каде се сместени Парламентот и владините згради.
Судири се пријавени и градот Наџаф, еден ден откако толпите го запалија Иранскиот конзулат.