Протести во Кабул против изборни измами
Илјадници демонстранти денеска маршираа во Кабул против изборни измами. На протест излегоа поддржувачите на главниот извршен директор на Авганистан, Абдула Абдула. Тие се собраа на плоштадот пред Претседателската палата, и покрај предупредување од полицијата да не се собираат во близина на тоа место.
Тимот на Абдула, кој е организатор на митингот, бара Независната изборна комисија да поништи околу 300 илјади гласови, за кои сметаат дека се стекнати со имама. Лидерите на протестот велат дека ќе организираат и други собири доколку не бидат исполнети нивните барања.
И два месеци по претседателските избори кои се одржаа на 28 септември, Изборната комисија се уште не ги објави прелиминарните резултати. На изборите имаше рекордно ниска излезност и поминаа во расправија меѓу актуелниот претседател Ашраф Гани и неговиот главен изборен ривал Абдула.