Пицула: Хрватското претседателство шанса за проширувањето
Хрватскиот европратеник Тонино Пицула изјави дека самитот во Загреб во мај за време на хрватското претседателство со ЕУ е шанса работите во регионот да се деблокираат и прашањето за проширувањето да се направи еден од приоритетите. Пицула кој е именуван за известувач на Европскиот парламент за препораки за Западен Балкан пред самитот изрази очекување Европскиот совет да даде една полуподдршка за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, бидејќи тие земји го исполниле сето она што се барало од нив како предуслови за почеток на преговорите.
„Од Северна Македонија се бараше да го смени името на државата и тоа се уште остава политички последици во таа земја. Сепак, со одлуката на францускиот претседател Макрон да се воздржи, одлуката на Европскиот совет е блокирана, како што беше случај во последните десет години. Според тоа, тоа е прашање на нарушен систем, рече тој, додавајќи дека сè уште е добро што таквата одлука ја врати политиката на проширување во фокусот на ЕУ“, изјави Пицула во интервју за Радио Сараево.