Продемократските активисти се вратија на улиците на Хонг Конг
Продемократските активисти се вратија на улиците во Хонг Конг по одржувањето на локалните избори во минатата недела. Протестите се одржаа по судирите со полицијата ден претходно.
Вечерва се очекува да бидат упатени петте барања на движењето - вклучително и директни избори за законодавството во градот и раководството и истрагата за пријавената полициска бруталност против демонстрантите.
Продемократските политички сили во Хонг Конг освоија убедливо мнозинство на изборите на 24 ноември со рекорден број на излезност на гласањето по шест месеци анти-владини протести. Резултаите покажуваат дека демократските кандидати низ полуавтономната кинеска територија обезбедиле мнозинство од 452 места во 18 окружни совети.