Во болниците има 750 ковид пациенти и 360 слободни места
![Во болниците има 750 ковид пациенти и 360 слободни места](https://gdb.rferl.org/741b4ff4-aee4-4170-9126-d748c1a476dd_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите.
Вакцините-толку блиску, а сепак далеку
„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти МЗ.