Нови 457 заразени од корона вирус,30 починати
Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19 од кои најмногу се во Скопје -198. Во Прилеп има 32 новозаразени, во Куманово 30 и во Охрид 29 нови случаи. Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа 8 пациенти од Скопје, од Прилеп - 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови. Читать дальше...