Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2021

Новости за 03.03.2021

Досега евидентирани 18236 лица преку апликацијата за самопопишување

SlobodnaEvropa.mk 

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани 18 236 лица, објави Државниот завод за статистика на својата веб страница. Предвидено е собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување да се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување, како што велат од ДЗС, не значи по автоматизам број на резидентно население на Република Северна Македонија. До апликацијата за попишување наменета за дијаспората... Читать дальше...

Курти: Имам мнозинство за формирање Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, планира да ја формира новата влада на Косово исклучиво со поддршка на пратеници од несрпските малцински заедници, што ја исклучува можноста за формирање коалиција со албанските партии и Српската листа. На Косово се одржаа предвремени парламентарни избори на 14 февруари и според првичните резултати Самоопределување извојува убедлива победа, но сè уште не е познато дали има мнозинство за формирање влада, односно 61 од вкупно 120 пратеници во Собранието на Косово. Читать дальше...

Заев експресно побара и доби доверба на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Со 62 гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан, Собранието и изгласа доверба на Владата предводена од премиерот Зоран Заев откако денеска тој усно побара од пратениците да гласаат за ова точка. Пратениците од опозицијата не беа присутни во собраниската сала во моментот на гласање. Пред гласањето премиерот образложи зошто се одлучил на оваа постапка. „Со оваа постапка еве, застанувам пред вас, во име на владата, и ја превземам одговорноста да барам доверба на владата. Да го видиме на дело... Читать дальше...



Османи до Захариева: Да ги надминеме предизвиците

SlobodnaEvropa.mk 

Во честитката која министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитка до неговата бугарска колешка Екатерина Захариева по повод 3 Март – Националниот празник на Република Бугарија, Османи посочува дека „Република Северна Македонија останува цврсто посветена на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коа важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани“. Османи нагласува дека патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности... Читать дальше...

Во земјава засега не е потврден јужноафрикански вид на коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Од министерството за здравство информираат дека според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, а не на јужноафриканскиот. Од министерството нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Занзибар. Сомнежите дека јужноафриканскиот вид на корона вирусот кој се смета за многу позаразен... Читать дальше...

Заев побара пратениците да и гласаат доверба на Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието усно побара од пратениците да гласаат за доверба на Владата. „Ова е моментот кога треба да видиме колку може да ѝ се верува на опозицијата која постојано тврди дека ќе ја урне Владата и ќе формира нови мнозинство. Со лажни вести и блокади се создава политичка несигурност. Нема да го дозволам тоa,“ рече Заев од собраниската седница. Според член 217 од собранискиот Деловник, Собранието гласа за (не)доверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Читать дальше...

Вилијам Барнс е новиот шеф на ЦИА

SlobodnaEvropa.mk 

Комитетот за разузнавачки прашања при американскиот Сенат едногласно потврди дека поранешниот дипломат Вилијам Барнс ќе биде новиот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), изјави сенаторот Марк Ворнер, претседател на комитетот. Ворнер истакна дека едногласната потврда на ветеранот во дипломатијата Барнс, кандидат на претседателот Џозеф Бајден за директор на ЦИА, сведочи за неговите „несомнени квалификации за таа позиција, долгогодишното искуство во националните безбедносни прашања и посветеноста кон јавните служби... Читать дальше...

Културата против „праз културата“ - (не)ВОЗМОЖНА МИСИЈА

SlobodnaEvropa.mk 

Иницијативата „Култура или фискултура?“, по приложените документи за манипулациите при изборот на директор на НУЦК „Антон Панов“ и „молкот“ на Министерството за култура, со протестен марш по скопските улици и пет барања за разрешување на овој веќе „македонски“ проблем и департизација на културата.



Нови 807 ковид позитивни и петмина починати во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ). Новозаразените се регистрирани во: Скопје 359, Куманово и Охрид по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино по 36, Гевгелија 35, Тетово и Прилеп по 34, Гостивар 29, Битола 25, Велес 24, Крива Паланка 12, Кочани и Крушево по 11, Ресен 6, Струга, Кичево и Валандово по 5, Пробиштип и Богданци по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар по 3, Делчево и Радовиш по 2... Читать дальше...

Поглаварот на СПЦ во изолација по контакт со ковид позитивен

SlobodnaEvropa.mk 

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј, е во превентивна изолација поради контакт со лице заразено со ковид-19, објави Српската православна црква (СПЦ) на 3 март. Патријархот бил во контакт со свештеник за кој се потврдило дека  лесна и асимптоматска форма на коронавирусот, се наведува во соопштението на Српската православна црква. По совет на лекар, Порфириј ќе биде превентивно изолиран во наредните денови. Патријархот на Српската православна црква, Порфириј,... Читать дальше...

Симовски: На сите пописи од 1948 наваму има код за бугарска етничка припадност

SlobodnaEvropa.mk 

Од 1948 година па наваму, во сите пописи, имало код за бугарска етничка припадност. Имаме податоци во однос на таа етничка припадност и ќе има и понатаму. Кој како ќе се произнесе е исклучиво негово право и ние не смееме да влијаеме, изјави за МИА, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Изјавата на Симовски следува откако денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи напиша на Фејсбук дека претставниците на бугарските здруженија треба да ги контактираат пописните органи и... Читать дальше...

Субвенции за „етнички вработувања“ само за долго невработени

SlobodnaEvropa.mk 

Владиниот портпарол, Душко Арсовски, на денешната прес-конференција информираше дека во Оперативниот план на Агенцијата за вработување за 2021 ќе има и програма за субвенционирање на вработувања по етнички критериум во приватните компании, но само за лица кои се долго време надвор од работниот процес. „Субвенции или поддршка ќе добиваат оние компании кои што ќе вработуваат лица според одредени критериуми кои што ќе се најдат на таа листа и на тој начин ќе биде направен изборот. Целта и фокусот... Читать дальше...

Партијата на Орбан ја напушти групата на народните партии во ЕП

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарската партија Фидес, предводена од премиерот Виктор Орбан, ја напушти групата европски народни партии во Европскиот парламент (ЕП). Одлуката донесе кратко откако членовите на Европската народна партија (ЕПП) со големо мнозинство гласаа за промена на деловникот, дозволувајќи исклучување на политичките партии кои се дел од групата, отворајќи го патот за протерување на партијата Фидес. Европската народна партија е најголемата политичка група во Европскиот парламент. На состанокот на оваа политичка група... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог закон за поништување на Законот за попис

SlobodnaEvropa.mk 

Сите факти и аргументи ни говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис и затоа како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието поднесовме Предлог на закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка, информираше денеска Иванка Василевска, пратеничка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, Владата не сакала да дебатира за пописот туку „од редовна и статистичка операција направила политичка операција за пазарење, додворување и враќање на коалициски долгови“. Читать дальше...

Бугарија барала да види како некои лица се изјасниле на попис, но не добила

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, денеска информираше дека „Бугарија, но и други земји претходно барале формулари за поединци за да видат како се изјаснувале на одреден попис, но дека такви податоци не смеат да се даваат“. „Никој не може да добие формулар од некој како се изјаснил, тие податоци не смеат да се даваат јавно и тоа важи за сите земји во светот. Не е само Бугарија, и други го барале тоа од нас, за да им доставиме како се изјасниле во пописот, но никој не добил... Читать дальше...

„Меѓународен сојуз“ - Обвинителството изнесува докази, Боки 13 бара изземање на Русковска

SlobodnaEvropa.mk 

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз” со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството. Обвинителството презентираше материјални докази од Управата за финансиско разузнавање, за банкарските сметки и реализираните трансакции на обвинетите во периодот на интерес за случајот, како и документи од Управата за јавни приходи и Централен регистар за здружението „Меѓународен сојуз”. За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз... Читать дальше...

Земјотрес во Грција од 6,2 степени, почувствуван и во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според податоците објавени на веб-страницата emsc-csem.org, земјотресот се случил во 10 часот и 16 минути по локално време, односно во 11 и 16 часот по македонско време. Потресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 23 километри од градот Лариса. Претходно утрово имало два послаби земјотреси во Грција, со јачина од 2,8 и 2,6 степени според Рихтер. Нови жртви во Измир и Самос... Читать дальше...

Експлозија пред центар за ковид тестирање во Холандија

SlobodnaEvropa.mk 

Холандската полиција денеска, 3 март, соопшти дека центарот за тестирање на вирусот корона северно од Амстердам, наводно, намерно бил цел на напад - имало експлозија на местото пред да се отвори центарот за тестирање, објави Ројтерс. Експлозијата во градот Бовенкарспел, 55 километри северно од главниот град, скрши прозорци, и, за среќа, нема поврдени луѓе, се вели во соопштението на полицијата од провинцијата Северна Холандија. @Металните остатоци од експлозивната направа, со димензии околу 10 см на 10 см... Читать дальше...

Во болниците има 750 ковид пациенти и 360 слободни места

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите. Вакцините-толку блиску, а сепак далеку „Сите одделенија на клиничките болници... Читать дальше...


Музыкальные новости
Фёдор Шаляпин

Наследие Шаляпина и Рахманинова представили на выставке-форуме «Россия»





Rss.plus
Галина Янко

Июньские дни духовности: Православные праздники месяца от ясновидящей Галины Янко




Хуснуллин призвал втрое нарастить строительство нежилой недвижимости в России

В Чехове проходит комплексная реконструкция музея-заповедника «Мелихово»

Еще 27 проектов реновации запустят в Подмосковье в 2024 году

В Кремле анонсировали переговоры Путина с королем Бахрейна в Москве




Владата повторно кружи околу прогресивниот данок

SlobodnaEvropa.mk 

Владата долго време го ветуваше и од почетокот на 2019 година го укина рамниот данок и воведе прогресивен данок на доход. По една година соопшти дека тој не ги дал посакуваните резултати и го стави во мирување. Сега, повторно најавува дебата за прогресивен данок.

Дијаспората да биде поактивна на пописот, апелира Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска, преку портпаролот Муамед Хоџа, упати апел до македонските државјани кои живеат во странство да земат активно учество на Пописот на населението, домаќинствата и становите, што започна на 1 март и ќе трае до 21 април. Владиниот портпаролот Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека пописот на 1 март започна и за затворениците, вработените во ДКП-та и војниците што се на мисии во странство. Бугарската Скејлфокус уверува дека системот за попишување е безбеден Хоџа информираше... Читать дальше...

Фридом хаус: Македонија бележи напредок, но и натаму e делумно слободна земја

SlobodnaEvropa.mk 

Во извештајот на Фридом хаус „Слободата во светот“ објавен денеска, Северна Македонија иако бележи пораст од три поени од претходниот извештај и натаму е во групата на земји со делумна слобода. Во извештајот се наведува дека бројот на земјите назначени како неслободни достигна највисоко ниво.

Вакцините-толку блиску, а сепак далеку

SlobodnaEvropa.mk 

И додека земјите од соседството веќе некое време ја спроведуваат имунизацијата, Македонија се уште ги чека ветените вакцини. Без детали за тоа зошто доцнат вакцините, од Кинеската Амбасада велат дека се подготвени да ја продолжат соработката со македонската страна за набавка на вакцините

Пиперевски - Најбитно е дали апликацијата за попис е заштитена

SlobodnaEvropa.mk 

Ако ви украдат податоци од незаклучена „кола“ вие сте му ги подариле оти немало заштита, вели Мане Пиперевски, експерт за информатичка безбедност во Пиперевски консалтинг за заштита на електронските системи. Заштитата е можна, но круцијално е да се тестираат системите пред употреба.

Османи: Бугарските здруженија да побараат посебна пописна графа

SlobodnaEvropa.mk 

По последните реакции од Бугарија за „жалби за непочитување на правата на Бугарите во Македонија“, денеска се огласи македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, со став дека Македонија има успешен модел на мултиетничко оптество и дека граѓанските организации треба да побараат од пописните органи да се внесе графа за оваа заедница на пописот. „Република Северна Македонија има исклучително успешен модел на мултиетничко општество. Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат... Читать дальше...



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Булат Окуджава

В Иллюзионе пройдет ретроспектива «Персона: Булат Окуджава»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»


ATP

Теннисиста Медведева выбили из топ-4 ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Шизофрения и болезнь Альцгеймера: симптомом какой болезни может стать потеря обоняния



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России