Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2021

Новости за 21.03.2021

Заев со над 59 илјади гласови избран за лидер на СДСМ

SlobodnaEvropa.mk 

Зоран Заев е повторно избран за лидер на СДСМ по гласањето на внатрепартиските избори на партијата. Централната изборна комисија на СДСМ соопшти дека изборите биле безбедни и со строго почитување на здравствените протоколи. На изборите излегле 90 отсто од членовите на владејачката партија. Доверба на Заев му дале 59 240 членови од регистрирани 68 999. Додека пак 865 биле против, а имало и 277 неважечки ливчиња. Актуелниот премиер беше единствениот кандидат за прв човек на партијата. Првичните резултати се од пребројани 227 избирачки места. Читать дальше...

Полицискиот час останува на сила

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека полицискиот час од 22 до 5 часот ќе продолжи и од утре. Според министерството, во текот на неделата ќе се разгледа епидемиолошката состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки.  Одлуката за воведување на полициски час беше воведена на 10 март, а истекува утре.  Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки Министерот за здравство Венко Филипче во петокот изјави дека на ја исклучува можноста... Читать дальше...

Досега попишани 99 409 македонски државјани во странство

SlobodnaEvropa.mk 

Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денешниот ден се евидентирани 99 409 лица.  Преку апликацијата се регистрираат македонските државјани кои се во странство  поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година. Најмногу лица се регистрирани од Швајцарија, Германија и Италија. Владата тврди дека пописот ќе биде безбеден, опозицијата бара одложување Државниот завод за статистика објави... Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов дава милион денари на партнерот на Царовска за снимање шуми

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска изјави дека за време на најголемата здравствена и социоекономска криза, пред две недели фирмата Флај Кем, на партнерот на министерката за образование Мила Царовска потпишала договор со Град Скопје за снимање со дрон за 1.340 евра за прелетан километар квадратен над Скопје. Вкупната сума на договорот потпишан до градоначалникот Петре Шилегов, како што посочи тој, е милион денари. Уште поинтересен факт од договорот, според Стоилковски е причината за неговото потпишување... Читать дальше...

Починати 25, заболени 642, а оздравени 524 пациенти од корона

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се 524 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 до 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, 3 од Тетово, по 2 лица од Прилеп, Гостивар и Кавадарци и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Читать дальше...

Американскиот министер за одбрана без коментар за повлекувањето на силите од Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска во Кабул се сретна со авганистанскиот претседател Ашраф Гани за време на неговата ненајавена посета, која се одвива месец дена пред истекот на рокот за повлекување на американските сили од земјата. По разговорите со Гани, Остин одби да го коментира крајниот рок. „Тоа е доменот на мојот шеф. Тоа е одлуката што претседателот ќе ја донесе во одреден момент во однос на тоа како сака да пристапи на прашањето понатаму“, рече Остин. Американскиот... Читать дальше...

Во болниците од ковид се лекуваат 1329 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1329 пациенти со ковид-19. Според министерството, има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Читать дальше...

ЕУ со критики до Турција за повлекувањето од Истанбулската конвенција

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ упати критики за одлуката на Турција да се повлече од Истанбулската конвенција за правата на жените и ја повика земјата да се врати на договорот. Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен на Твитер ги повика сите потписнички да ја ратификуваат конвенцијата. „Жените заслужуваат силна законска рамка за да ги заштитат“, рече фон дер Лајен и додаде: „Насилството врз жените не е толерантно“. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел изрази жалење и неразбирање за одлуката на Анкара да се повлече од договорот. Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се нарекува демократска партија, а на изборите се гласа за еден кандидат

SlobodnaEvropa.mk 

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека со денешните внатрепартиски избори во СДСМ севернокорејската демократија, како што наведува опозициската парија, се повеќе и повеќе продира во Македонија. „Никој во СДСМ не смееше да се спротивстави на единствениот кандидат на изборите, Зоран Заев. Затоа 69-те илјади гласачи на СДСМ денес на гласачкото ливче имаат едно име кое мора да го заокружат. Ако не го заокружат, веројатно им следи службена белешка од партиското обвинителство и суд и престој на современиот Голи Оток. Читать дальше...

СЗО: 6.600 предвремени смртни случаи од загадувањето во Србија во 2016

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 6.600 предвремени смртни случаи се резултат на загадувањето на воздухот во Србија, изјави директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Белград, Марјан Ивануша. Тоа, според него, го покажале проценките на организацијата од 2016 година и Ивануша порачува дека загадувањето „може да резултира“ со разни сериозни болести и со смртни случаи. „Нашите секојдневни активности во областа на земјоделството, индустријата, сообраќајот, греењето, влијаат на квалитетот на воздухот... Читать дальше...

Американскиот министер за одбрана во посета на Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските медиуми јавија дека американскиот министер за одбрана Лојд Остин слетал денеска во Кабул на неговата прва посета Авганистан како шеф на Пентагон. Остин во Авганистан пристигна од Индија, а се очекува тој да се состане со високи претставници на авганистанската влада, вклучувајќи го и претседателот Ашраф Гани. Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела во телевизиско интервју изјави дека ќе биде „тешко“ Вашингтон да го испочитува рокот од 1 мај за повлекување на војници од Авганистан... Читать дальше...

Протести на лекари и медицински лица во Мјанмар

SlobodnaEvropa.mk 

Лекари и медицински сестри протестираа во центарот на Мјанмар познат и како Бурма по уште една смртоносна акција против демонстрантите. Мјанмар е во немири од минатомесечниот воен удар со кој беше соборена цивилната лидерка Аунг Сан Су Чи, по што започнаа протести низ целата земја на кои се бара враќање на демократијата во земјата. Безбедносните сили се обидоа да ги растераат демонстрантите користејќи солзавец и гумени куршуми. Насилството не успеа да одврати стотици лекари и медицински сестри кои носеа транспаренти со Су Чи... Читать дальше...

Рускиот амбасадор во САД се врати во Москва по изјавата на Бајден за Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов се врати во Москва откако беше повикан на вонредни консултации во услови на зголемени тензии со Вашингтон, односно откако американскиот претседател Џо Бајден го нарече неговиот руски колега Владимир Путин „убиец“. Забелешката на Бајден дадено во ТВ-интервју на почетокот на неделата, поттикна негодување од Путин, кој му посака на американскиот претседател „добро здравје“ и рече дека луѓето имаат тенденција да се однесуваат кон другите како што навистина се гледаат себеси. Читать дальше...

Полицискиот час не го почитувале 28 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи информира дека забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица. Од министерството додадваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, за мерката носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19. Читать дальше...

САД со честитки за изборот на првата жена претседател на Танзанија

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателката на САД Камала Харис и честиташе на новата претседателка на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, која е првата жена што ја извршува највисоката функција во оваа источноафриканска земја. „И испраќам најдобри желби на Сулуху Самија по нејзината заклетва како нов претседател на Танзанија- првата жена што ја извршува функцијата. Соединетите држави се подготвени да работат со вас за зајакнување на односите меѓу нашите земји.“, напиша Харис на Твитер. Сулуху Хасан, која досега беше потпретседател на земјата... Читать дальше...

Турција спровела воздушни напади на курдска зона во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Сирискaта организација за човекови права соопшти дека Турција спорвела воздушни напади во северна Сирија во регион кој бил под контрола на курдската милиција. „Турски борбен авион ги погоди воените позиции на Сириските демократски сили во селото Саида во селата Аин Иса ... што предизвика силни експлозии“, соопшти организацијата. Ова е прва рација, како што се наведува, по „Операцијата мировен пролет“- воената кампања во октомври 2019 година, спроведена од Анкара и нејзините сириски сојузници... Читать дальше...

Внатрепартиски избори во СДСМ, Заев единствен кандидат

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на СДСМ денеска ќе избираат претседател на партијата на први директни, внатрепартиски избори. Единствен кандидат е актулениот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев. Изборите се спроведуваат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои се отворени од 08 до 19 часот. Пријавени за гласање  се 68.999 членови на партијата. Резултатот ќе биде соопштен по завршување на процесот на гласањето, информираа од партијата. Читать дальше...

Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Тој смета дека на почетокот на неделата ќе има резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена. „Очекувањата се дека после воведување на една одредена... Читать дальше...

Облачно време со врнежи од дожд и снег

SlobodnaEvropa.mk 

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во утринските и ноќните часови. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови (до понеделник наутро локално над 30 литри на метар квадратен), информира Управата за хидрометеоролошки работи. Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Читать дальше...

Ивановска: При крај сме со предметот „Леонардо “ против Рашковски

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска



Москва

V Общероссийская конференция «Устойчивое развитие этнокультурного сектора» представит калейдоскоп успешных практик в сфере социального проектирования


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Дженнифер Лопес

Бен Аффлек переехал из дома, в котором жил с Дженнифер Лопес. Развлечение




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»

«Молитесь, друзья»: сын олимпийского чемпиона Ивана Стретовича погиб во время родов в Новосибирске

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»


WTA

Потапова проиграла на старте турнира WTA-500 в Страсбурге



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Сергей Собянин принял решение о расширении мер поддержки промпредприятий



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России