Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2021

Од ЕП повик до Брисел што побрзо да ги отвори пристапните преговори со Македонија

0
Од ЕП повик до Брисел што побрзо да ги отвори пристапните преговори со Македонија

Европратениците од Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (ЕП) гласаа за извештајот за северна Македонија дека Европската унија (ЕУ) треба да покаже јасна политичка волја и да ја одржи првата меѓувладина конференција, што официјално ќе го означи почетокот на пристапните преговори, јави дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел, Ѓеракина Тухина.

„Ова треба да се направи што е можно поскоро со цел да се спречат понатамошни одложувања, потврдувајќи ги кредибилитетот, објективноста и веродостојноста на процесот на пристапување, но исто така и да се спречат понатамошните одложувања да му наштетат на помирувањето постигнато во регионот“, се вели во извештајот на европратениците.

Овој документ ги повикува властите и политичките партии во Македонија да продолжат со заедничките напори за зајакнување на демократијата, борбата против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото, добрососедските односи и регионалната соработка, истовремено подобрувајќи ја климата за слобода на медиумите и граѓанското општество.

Во поглавјето за билатералните односи во извештајот се наведува дека „Северна Македонија покажала јасен стратешки фокус и посветеност кон интеграцијата во ЕУ, бидејќи продолжува да ги спроведува реформите поврзани со пристапувањето и да работи на решавање на билатералните прашања со соседните земји“.

Исто така, се потсетува на „кооперативниот и конструктивниот пристап“ на Македонија за време на преговорите за Договорот од Преспа со Грција, како и на Договорот за добрососедски односи со Бугарија.

Европратениците, како што јавува дописничката на РСЕ од Брисел, жалат што Бугарија и Северна Македонија сè уште не постигнале договор за отворените билатерални прашања. Наведувајќи дека продолжувањето на дијалогот е клучно, европските претставници ги повикуваат двете земји да постигнат компромис за Акциониот план што вклучува конкретни мерки.

Осврнувајќи се на усогласувањето на надворешната политика, членовите на Европскиот парламент официјално го повикуваат Скопје да го зајакне усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во овој поглед, „специјална покана се испраќа на Северна Македонија да ја усогласи својата политика со неодамнешната одлука за ограничувачки мерки против Русија“. Во Извештајот, исто така, се изразува загриженост дека земјата станува „се повеќе енергетска и економски зависна од трети земји“.

Автор на овој Извештај е европскиот претставник и известувач за Македонија во ЕП, Илхан Ќучук, кој по гласањето оцени дека пратениците постигнале широк компромис.

„Се согласивме дека е клучно да се најде решение за билатералните прашања во текот и спроведувањето на Договорот за добрососедски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија. Конечниот текст испраќа силен сигнал до Северна Македонија за нејзината иднина во ЕУ и повикува на одржување на меѓувладината конференција што е можно поскоро за да се спречат понатамошни одложувања “, рече Ќучук.

Овој извештај беше изгласан со убедливо мнозинство - Гласаа 61 европратеник, од кои 4 беа против, а 2 воздржани. Подоцна оваа година, овој извештај на Комитетот за надворешни работи, ќе биде ставен на гласање на пленарната сесија на ЕП, кога ја доби и верзијата на Европскиот парламент.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин: Активно укрепляем отношения с Китаем





Москва

Московский аэропорт Домодедово и Всероссийское общество инвалидов заключили соглашение о сотрудничестве


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин прибыл в Китай с рабочим визитом



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Александр Розенбаум

Розенбаум проиграл суд из-за неуплаты счетов за энергоснабжение




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Красногорск первым встретил участников международного супермарафона Москва-Минск

В УФСИН России по Республике Дагестан прошли лично-командные соревнования по легкой атлетике

Военно-спортивный фестиваль Росгвардии в «Лужниках» собрал более 20 000 москвичей и гостей столицы


Анастасия Мыскина

Овечкин, Яковлев, Фридзон и Мыскина сыграли в падел-теннис в Турции: «Победила дружба»



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Более 90 тысяч человек посетили парк «Пехорка» в Балашихе за неделю



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России