Зголемена платата на судската полиција
![Зголемена платата на судската полиција](https://gdb.rferl.org/a5e4dfd1-0b16-4051-9a5d-262c817c87f1_cx20_cy21_cw53_w800_h450.jpg)
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска, на средба со претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција. Ова почакување на платите на судските полицајци следува по повеќемесечни протести и преговори на синдикатите и претставниците на власта.
Со денеска потпишаниот правилник, јави МИА, се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците, а зголемувањата се од 8 до18 проценти, при што најголемо зголемување на платите ќе добијат судските полицајци во Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.
Синдикалните претставници на судската полиција, како што пренесе МИА, рекле дека се задоволни што после многу апели и протести конечно се решил нивниот проблем и порачале дека ова е конкретен чекор за решевање на нивните проблеми.