Во ковид-центрите се лекуваат 825 пациенти
![Во ковид-центрите се лекуваат 825 пациенти](https://gdb.rferl.org/BA34AEDF-AD4C-4D87-9852-4EC882D7DD99_w800_h450.jpg)
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 во внатрешноста, а 325 се лекуваат во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Според извештаите на болниците во внатрешноста, најмногу пациенти со ковид има во болницата во Прилеп-84, во Куманово 71 и во Охрид 60 пациенти.
Има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Има слободни кревети за ковид-пациентите
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопштуваат од Министерството за здравство.
Во последните три неделни почна да се зголемува бројот на новозаразени, а со тоа и на хоспитализирани пациенти. Во земјава сега има повеќе од 9000 активни случаи.