Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Косово од почетокот на пандемијата
![Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Косово од почетокот на пандемијата](https://gdb.rferl.org/717890fe-909f-42ea-a824-98405f39fda7_w800_h450.jpg)
Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани нови 632 случаи на коронавирус, што е највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата. Направени биле 3621 тестирања.
Во изминатото деноноќие починале 8 луѓе од ковид-19. Со тоа бројот на починати во Косово се искачи на 1682.
Од почетокот на пандемијата досега на Косово се регистрирани над 75 илјади случаи на коронавирус, а во моментов има над 10 илјади заболени.