Јасмина Пијанманова: Музеите треба да се отворат за публиката
![Јасмина Пијанманова: Музеите треба да се отворат за публиката](https://gdb.rferl.org/7e012749-9b18-4ef1-b4e7-84d9243c0a48_cx0_cy20_cw0_w800_h450.jpg)
„Патување низ времето“ е насловен првиот музејски водич за деца што како издание на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица се појави деновиве. Зад него како автори стојат Јасмина Мазгалиева Пијанманова и илустраторката Надица Златкова Митевска.