Претпладне сончево, попладне дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер. Утринската температура се движи од -4 до 3, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура се спушти до -1,а дневната ќе достигне до 14 степени.