ОН го осуди насилството во Мјанмар, за 24 часа 39 убиени на протестите
![ОН го осуди насилството во Мјанмар, за 24 часа 39 убиени на протестите](https://gdb.rferl.org/02c4b174-33ab-42fa-9a2c-467998fbd62a_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Претставничката на Обединетите нации (ОН) за Мјанмар, Кристин Шране, остро го осуди „крвопролевањето“ во земјата во која само во текот на последното деноноќие беа убиени 39 луѓе во демонстрациите против воената хунта, јави АП.
„Меѓународната заедница, особено регионалните актери, треба да се обединат во знак на солидарност со луѓето во Мјанмар и нивните аспирации за демократија“, рече Шране.
По пучот во Мјанмар, жителите бегаат во Индија
Од 39 жртви, 22 луѓе се убиени во предградие на Јангон. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Протестите почнаа на 1 февруари, кога армијата ја презеде власта во земјата. Протести се случуваат речиси секојдневно и на сите демонстрации доаѓа до судир со полицијата и масовни апсења, а последните денови има и жртви.