Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки
![Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки](https://gdb.rferl.org/5E71C153-7D12-449D-B38A-87AD0C7144C0_w800_h450.jpg)
Утре изутрина во 05 часот престанува да важи одлуката на Владата за воведување полициски час. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Тој смета дека на почетокот на неделата ќе има резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена.
„Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро“, рече вчера Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.
Филипче очекува следната недела резултати од полицискиот час
Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март. Угостителските објекти работат до 21 часот.
Нови 1299 случаи на корона, 24 починати и 413 оздравени пациенти
Вчера беа регистрирани нови 1299 случаи на ковид-19, при што 24 пациенти ја загубиле битката со болеста, а 413 оздравеле.