„АстраЗенека“: Истражувањето во САД покажа 79% ефикасност
Британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека вели дека „напредните податоци добиени од американско истражување за нејзината вакцина против ковид-19 покажуваат дека се ефикасни 79 проценти“. Во американското истражување биле вклучени 30.000 волонтери, од кои на две третини им била дадена на вакцината, додека останатите добиле плацебо.
Во соопштението од 22 март, фармацевтската компанија рече дека нејзината вакцина има 79 стапка на ефикасност во спречување на симптоми на ковид-19 и е 100% ефикасна во спречување на тешко заболување и хоспитализација. Истражителите, додаваат од компанијата, рекоа дека вакцината е ефикасна кај сите возрасти, вклучувајќи ги и постарите лица, каде што ефикасноста е 80 проценти.
„Оваа анализа ја потврдува вакцината АстраЗенека Ковид-19 како најпотребна дополнителна опција за вакцинација, нудејќи сигурност дека возрасните од сите возрасти можат да имаат корист од заштита од вирусот“, се наведува во соопштението од компанијата.
Иако вакцината на АстраЗенека, изработена во соработка со Универзитетот Оксфорд, има одобрување во повеќе од 50 земји, сè уште не доби зелено светло во САД. Изминатите неколку дека десетина европски држави го запреа вакцинирањето со оваа вакцина по информации за несакани појави по вакцинирањето. Дел од нив повторно продолжија со имунизација.