Сараево се затвора поради пандемијата
Владата на кантонот Сараево на вонредна седница која се одржа денеска олучи да престанат со работа јавните базени, спортските центри, спа центрите, фитнес салите и тератаните. Мерката која е донесена поради влошената епидемиолошка состојба со коронавирусот стапува во сила од утре, а ќе важи додека трае и забраната за работа за угостителските објекти.
Меркел: Рестрикциите продолжени до 18 април, ситуацијата сериозна
Според одлуката на владата на кантонот Сараево угостителските објекти нема да работат до трети април, освен за достава на храна и пијалоци. Во сила е и забраната за движење од 21 до пет часот.
Според податоците на Заводот за јавно здравје во последните 24 часа како последица на коронавирусот во кантонот Сараево починале 15 луѓе, а потврдени се 496 новозаразени. Активни се 5532 случаи.