Пожар во камп на Рохинџа бегалците во Бангладеш, 15 мртви и 400 изчезнати
![Пожар во камп на Рохинџа бегалците во Бангладеш, 15 мртви и 400 изчезнати](https://gdb.rferl.org/b620475f-0202-47cf-9a21-29cf4da4fd55_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Најмалку 15 лица загинаа во голем пожар што го уништи бегалскиот камп на припадниците на Рохинџа во Бангладеш, пренесува Ројтерс, според Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Уште 400 лица исчезнаа во пожарот, според УНХЦР. Огнот се проширил во кампот Балухали во близина на градот Кокс Базар во југоисточен Бангладеш доцна во понеделникот (22 март), зафаќајќи илјадници импровизирани засолништа.
Јоханес Ван дер Клау од УНХЦР, кој се приклучи на брифингот во Женева преку видео врска од Дака, Бангладеш, рече: „Сè уште имаме 400 лица наведени како исчезнати, можеби некаде во урнатини“. Тој исто така изјави дека УНХЦР има извештаи за повеќе од 550 ранети и околу 45000 раселени лица.
Државен удар во Мјанмар, војската ја презеде власта
Официјални претставници на Бангладеш ги испитуваат причините за пожарот, додека официјални лица, хуманитарни работници и семејства го пребаруваат разурнатиот камп во потрага по жртви. Полицијата досега потврди седум смртни случаи.
„Ништо нема. Илјадници се бездомници “, изјави Аман Улах, бегалец од Рохинџа од кампот Балухали, за Ројтерс.