Нови 1056 заразени, 25 починати, меѓу нив и 29 годишен пациент
Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на ковид19.
Од нив најмногу во Скопје– 590, а потоа следуваат Битола – 57, Прилеп - 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13. Неколку други градови имаат по едноцифрени бројки новозаразени.
Нема ни анализа, ни надзор за смртните случаи од ковид- 19
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 година. Од починатите седум пациенти се од Скопје, од Прилеп и Битола по четворица, од Кавадарци тројца и по еден починат од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Од Министерството за здравство наведуваат дека сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.