Нови 1.347 позитивни на коронавирус, 17 починати
Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 1.347 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 4.096 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 122.227. Починати се 17 пациенти, 16 во болнички и едно лице во домашни услови. Најмладиот починат пациент е на 23 години, додека највозрасниот на 90. Вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава моментално е 3.545 лица.
Во моментов во земјава има 16.030 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 643, а потоа следуваат Прилеп 85,, Куманово 90, Битола 50, Охрид 56 , Велес 61, Кавадарци 47, Гостивар 35, Тетово 40...
Се што треба да знаете за ковид вакцинацијата
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 451 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 102.652 лица од почетокот на епидемијата.
Вакцинацијата во земјава се одвива бавно, со вкупно досега стигнати 11.190 вакцини со кои се вакцинираа само здравствени работници. Се уште нема точен датум кога може да се очекува да стигнат нови пратки и почеток на масовна имунизација на населението.