Нови 1264 заразени, а починати 28 лица на возраст од 38 до 86 години
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи со ковид-19. Починати се 29 лица, на возраст од 38 до 86 години и тоа осум пациенти од Скопје, по тројца пациенти од Охрид и Струмица, по двајца пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Регистрирани се 722 оздравени пациенти.
Во скопските болници се лекуваат 613 ковид пациенти, соопшти МЗ
Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а на активни случаи изнесува 16.543.