Наместо пари под перница, инвестиција во обврзница
Државата ќе се задолжува кај граѓаните, а за возврат тие ќе добијат поголема камата отколку што би добиле ако штедат во банките. На тој начин добива и државата, оти ако се задолжува со други обрзници ќе плаќа повисока камата. Опозицијата се сомнева дека може на ваков начин да се перат пари.