Рудник „Иловица - Штука“ со владин амин „преку ноќ“
Жителите на југоистокот од државата долги години водеа битка против изградба на рудникот за злато и бакар „Иловица - Штука“. Работите „преку ноќ“ добија друг тек, а активистите гледаат политичко – партиска заднина, што ја поврзуваат со компанијата „Еколог“ на семејството Дестани.