Пари за Чебрен има во буџетот, но веројатно ќе пропадне и 14-тиот тендер
До 15 јануари се очекува одлуката дали грчката компанија ќе ја гради хидроцентралата Чебрен. Од 2006 до сега пропаднаа 13 меѓународни тендери. Државата има пари за ја изгради хидроцентралата, велат дел од економистите и инженерите кои тврдат дека ниедна Влада не се занимава со државниот туку со личниот интерес.