Австрискиот вицеканцелар Штрахе поднесе оставка
![Австрискиот вицеканцелар Штрахе поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/25B939E1-4D85-495C-A10A-9DD8BF709302_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Австрискиот заменик-канцелар Хајнц-Кристиан Штрахе поднесе оставка по објавувањето на тајната видео-снимка на која се гледа како тој и нуди владин договор на руска добротворка во замена за политичка поддршка. "Ја поднесов мојата оставка како заменик-канцелар на Австрија на канцеларот Себастијан Курц и тој ја прифати оваа одлука", рече Штрахе денеска во телевизиската изјава. Тој изјави дека не ги крши законите но признава дека тоа е "исклучително засрамувачка, пијана афера".
Тој рече дека министерот за транспорт Норберт Хофер ќе го замени. Оставката на Штрахе дојде неколку часа по објавувањето на видео од медиумите во кое тој нуди инфраструктурни договори на една жена која е богат донатор од Русија. Средбата на шпанскиот остров Ибица се случила во јули 2017 година, три месеци пред парламентарните избори во Австрија, по кои Штрахе стана заменик-канцелар. Не е јасно кој стои зад видеото објавено вчера.
Скандалот доведе до шпекулации за иднината на владејачката коалиција меѓу партијата на Штрахе и централната десничарска народна партија на канцеларот Себастијан Курц.