СЈО се враќа во судот во потрага по пресуди
Титаник, ТНТ и Тврдина - Таргет се враќаат во суд по одморите. Дел од случаите што ги покрена СЈО веќе добија судска разрешница, а со тоа се враќа довербата во судството, коментираат експерти.
Титаник, ТНТ и Тврдина - Таргет се враќаат во суд по одморите. Дел од случаите што ги покрена СЈО веќе добија судска разрешница, а со тоа се враќа довербата во судството, коментираат експерти.
Американскиот претседател Доналд Трамп му го одзеде на поранешиот директор на ЦИА Џон Бренан безбедносниот сертификат со кој се овозможува пристап до доверливи информации, соопшти Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека тој неодамна изнесол неосновани тврдења против актуелната администрација. Бренан кој беше шеф на ЦИА од 2013 до 2017 година исклучително остро го критикуваше Трамп, а неговиот настап на заедничката прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин на 16 јули во Хелсинки го оцени како предавнички.
Белата куќа го оцени како „разочарувачко“ зголемувањето на турските царини за америкнаска стока, воведени како одговор на барањето за итно пуштање на слобода на американскиот пастор Ендрју Брансон. Меѓу производите со дополнителни царини се автомобили, алкохол и јаглен, а турската влада наведе дека царините за американски автомобили ќе бидат зголемени за 120 насто, а на алкохолот за 140 проценти. Во минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука двојно да ги зголеми царините за увоз од Турција.
Парламентот на Република Српска го прифати барањето на лидерот на босанските Срби Милорад Додик да се отповика владиниот извештај со кој се потврдува масакрот на повеќе од 8.000 мажи и момчиња, босански муслимани во Сребреница во 1995 година. Тоа може да предизвика нови тензии во Босна и Херцеговина.
Соединетите држави го критикуваа потегот на парламентот на Република Српска за поништување на извештајот во кој се наведува дека силите на Босанските Срби убиле илјадници муслимани во Сребреница. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека извештајот што Република Српска го усвои во 2004 година за геноцидот во Сребреница беше важен чекор за помирување во земјата. „Седницата на парламентот на Република Српска на 14 август е чекор во лоша насока“, оценува Стејт департментот.
Денеска, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, заедно со Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други 12 лица. Во обвинението од СЈО, тие се товарат за злосторничко здружување, поткуп при избори, уништување на изборен материјал, но и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања во 2012 година. Претходното рочиште беше одложено поради... Читать дальше...
Во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови. Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степена.
Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).
103news.com — живые новости в прямом эфире!
В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.
Музыкальные новости