Демократско движење е името на партијата што ја формираа „огнените“ од ДУИ
Демократско движење е името на новата политичка партија, што пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити. „Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk“, соопштија од Демократското движење, која според најавите официјално ќе биде промовирана на 13 август. Инаку, Меџити беше еден од предводниците на таканаречната „Огнена група“ во ДУИ. „Огнената група“ е составена од поранешни министри, сегашни пратеници и градоначалници и е предводена од Изет Меџити... Читать дальше...