Агелер: Лажна вест е дека може да се смени преговарачката рамка со ЕУ усвоена лани
Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска, 10 август, ја претстави позицијата на Вашингтон околу преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ), потенцирајќи дека е „лажна вест“ оти може да се смени преговарачката рамка усвоена лани летото. Таа нагласи и дека „обврските мора да се исполнуваат“. „Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Читать дальше...