Ќе се основа студентски дом во Тетово
На денешната владина седница беше изгласана одлуката за основање на Студентскиот дом во Тетово, информираше денеска, 22 август 2023, министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој додава дека целата работа била заокружена од Министерството за образование и наука, по што владата ја донела денешната одлука со која процесот на основање на овој студентски дом е комплетирана. Инаку, токму министерот Шаќири на почетокот од месецов објави дека во октомври студентскиот дом во Тетово ќе биде достапен за прием на студенти. Читать дальше...