Ангелов: Пожарот кај скопско Ајватовци надвор од контрола
Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. „Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе се фокусираат да го запрат огнот да се движи кон селото“, изјави Ангелов. Тој нагласи дека пожарот е веќе излезен од атарот на скопското село... Читать дальше...