Времето денеска сончево со мала облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, информираат од УХМР.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 18 степени.
Наредните денови средува период на претежно стабилно време со пораст на температурите, додека во вторник и среда се очекува локални слаби врнежи од дожд, според УХМР.